Оддржувањето на регионалните и магистралните патишта низ земјава се врши со блокирана смета на Јавното претпријатите под чија надлежност се тие патишта. Државната ревизија направи увид во работењето на оваа државна фирма и наодите се загрижувачки. Дванаесет години претпијатието има лимитирани средства, само колку да функционира, финансиските извештаи им се сомнителни, а проблематични се и други ставки во работењето како на пример механизацијата со која располагаат. Препораките за евентуална одговорност за ваквото недомаќинско работење се дадени од страна на ревизорите, на ред се сега истражните органи.
Дванаесет години Јавното претпријатие за оддржување и заштита на регионалниуте и магистралните патишта работи со блокирана сметка. Ваквата состојба претпријатието кое е во државна сопственост ја има поради извршните решенија за наплата на неподмирени обврски. Вкупните обврски кои ги има Јавното претпријатие заклучно 2022 година изнесуваат 663 милиони денари. Податоците до кои дојдоа ревизорите велат дека лимитот кој му е даден на ЈП за месечно работење на компанијата изнесува 231 милиони денари, но тоа се далеку помалку од Планот за работа кој го има ЈП. Планот за оддржување и заштита на регионалните патишта предвидува трошоци кои достигнуваат 1 милијадра 850 милиони денари.
„Утврдивме дека обврските по извршените ревизии со кои е блокирана сметката на претпријатието изнесуваат приближно 663 милиони денари, што претстравува за приближно 196 милиони денари поголем износ на обврски во однос на евентираните во сметководствената евиденција на ЈП. На ревизијата не и е дадено соодветно образложение и доказ за утврдената разлика. Тоа има за ефект да не се потврди вистинитоста и објективноста на евидентираниот износ“, се наведува во извештајот на Државниот завод за ревизија.
Податоците велат дека во 2018 година обврските кои ги имало Јавното Претпријатие изнесувале 480 милиони денари, во 2022 година тие достигнале фантастични 966 милиони денари. Во тој период претпријарието се наоѓа во состојба да не може да ги плаќа редовните доспеани обврски, има зголемување на бројот на извршни решенија и зголемени суми за враќање на долгови и со значително повисоки камати.
Во Извештајот се констатира и дека одговорното лице на компанијата не ги осигурало градежните објекти и средства со кои располага во вредност од две милијарди денари и биле изложени на соодветен ризик. Ревизорот утврдил дека во јуни 2021 година биле набавени 15 возила за чистење на снег, а набрзо едно возило било опожарено, а тоа пак не било каско осигурано, а не била искористена ниту фабричката гаранција. Дополнително, имало случаи за полнење на горива кои се вршеле на пумпи за кое немало соодветна документација.
„Со ревизијата утврдивме дека трошоците по основ на надомест на штети камати и судски трошоци дополнително влијаат на влошување на финансискта состојба на ЈП. Исто така органите за управување и раководење не презеле активности за проценување на средствата со кои располага ЈП од страна на овластени проценители за да се утврди објективната вредност на основната главнина. Истата не е евидентирана како основачки долг во единствениот трговски регистар при Централниот Регистар на Севрна Македонија.“ се наведува во извештајот на ДЗР.
Во извештајорт се наведува дека ревизорите наишле на големи неправилности во работењето и со резерва ги земаат сите обиди да се претстави компанијата дека работи според правилата. Препораките на ревизорите се надлежните лица да си превземат свои мерки и активности се со цел да се подобрат состојбите со ова Јавно претпријатие.
И.П