10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да добиете поддршка од родителите за вашиот бизнис

Како да добиете поддршка од родителите за вашиот бизнис

suppot1

Не е тајна дека претприемачите често ги воспитуваат децата во претприемачки дух, но кога претприемачот доаѓа од фамилија во која нема претприемачи, тогаш работите се малку поинакви. Претприемачите разбираат што значи работа за себе и ти ги знаат сите предности и маани на претприемништвото, но за оние кои пораснале во семејства кои живееле со редовна плата, претприемништвото изгледа премногу ризично за да се започне. Донекаде Вашите родители се во право. Вие инвестирате Ваши пари, можеби и позајмувате, работите премногу и сето тоа е со претпоставка дека ќе бидете доволно успешни да заработите за плата. А бидејќи сте млади, тие веројатно мислат дека вие поминувате низ уште една од Вашите минливи фази како што се желбата за јавање или за учење гитара.

Без разлика кои се нивните причини, поентата е дека Вашите сакани можеби нема да разберат што се обидувате да направите. Па затоа на вас останува да им објасните што работите. Еве 10 начини како да го претворите нивното сомневање во радост за Вашата бизнис идеја.

1. Објаснете им го Вашиот план

Можеби навистина е потребно убаво да објасните што правите, без да го покачите тонот на гласот. Тоа значи дека вие треба да бидете уште повеќе подготвени од било кој друг. Покажете им го буџетот, Вашата стратегиска цел, потенцијалните потрошувачи, маркетинг планот и се останато што ќе им покаже дека вие навистина сте размислувале за Вашата  бизнис идеја.

2. Покажете им го истражувањето

Вие не ја извадивте оваа идеја од вакум. Покажете им натписи, статистки, демографски податоци и информации од пазарот кои ќе ја поткрепат Вашата бизнис идеја.

3. Покажете пример

Тие веројатно и претходно виделе примери за неуспех, па затоа покажете им успешни приказни. Зборувајте за луѓе што успеале, но луѓе кои вие ги познавате, а не за големи имиња како Стив Џобс. Доколку е можно, одберете слични бизниси за тие да можат да ја видат поврзаноста.

4. Напревете конекции

Некои луѓе не ги гледаат сопствениците на малите бизниси како претприемачи, но во реалноста тие превземаат слични ризици, работат долги саати да го развијат својот бизнис, штедат и позајмуваат и се со цел да успеат во бизнисот. Вашата фамилија може подобро да ја разбере Вашата онлајн компанија, доколку ја споредите со некоја продавница за поправка од Вашата улица.

5. Вклучете ги и нив

Кога ја презентирате Вашата идеја и барате совет, тие може да се го сметаат тоа за интересно и да ги истражуваат можностите. Од стилот на логото, до тоа кој ќе биде таргет групата за Вашиот производ, вие може да се изненадите од нивните предлози.

6. Презентирајте план Б

Олеснете им ја ситуацијата со тоа што ќе им покажете дека имате и втора опција. Деталното планирање не само што ќе ја намали можноста за ризик, туку и ќе ве направи свесни за можностите за неуспех.

7. Покажете сметководствена свесност

Вие можеби не сакате да го споделите целиот буџет со Вашата фамилија, но покажување на дел од Вашите финансиски планови, кои вклучуваат и начин да се минимизира инвестирањето се додека не почнат да се гледаат резултати, ќе ја намали нивната загриженост дека вие правите нешто нереално. Правејќи го ова, вие ќе им покажете дека ќе ги потрошите парите внимателно и одговорно.

8. Покажете им го секој успех

Почетниот успех, како што е продажбата на првиот производ, ќе ги намали стравовите на Вашата фамилија.

9. Донесете поддршка

Дали Вашиот вујко е претприемач? Дали најдобриот пријател на Вашиот татко поседува бизнис? Замолете ги нив да разговараат со остатокот од Вашата фамилија. На овој начин, не сте само вие поддржувачи на Вашиот бизнис.

10. Оставете ги да се чувствуваат така

Доколку Вашата фамилија и покрај се не ве разбира и смета дека тоа е сепак лоша идеја, тогаш оставете ги да се чувствуваат така. Вие сами мора да донесете одлука. Слушајте ги нивните совети, сакајте ги и правете го тоа што на вас ви одговара, бидејќи тоа се Ваши пари, Ваша кариера, а со тоа и Ваша одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП