18 април, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕРЕАГИРАЈТЕ ВЕДНАШ! Непријатно чувство додека лежите може да навести инфаркт

РЕАГИРАЈТЕ ВЕДНАШ! Непријатно чувство додека лежите може да навести инфаркт

Невообичаено чувство и болка во градите додека лежите често е знак за посериозни здравствени проблеми, поради што не треба да се игнорира.

Станува збор за костохондритис, состојба во која ребрата се спојуваат со градната коска, предизвикувајќи остра болка во градите. Иако може да се реши самостојно, важно е да се следи состојбата бидејќи симптомите може да се влошат со движење или дишење.

Остра болка во предниот или од страна на градниот кош може да се појави при движење на горниот дел од телото, лежење, длабоко дишење и притискање на центарот на градниот кош.

Ако болката трае подолго од 15 минути, треба да повикате брза помош. Потребно е да се побара помош и кога болката се шири на рацете, грбот, вратот или грлото. Потоа, ако чувствувате стегање во пределот на градите или имате потешкотии со дишењето, не двоумете се да дејствувате. Покрај тоа, често се присутни потење и гадење, а може да дојде и до срцев удар.

Се разбира, оваа состојба нема секогаш да резултира со срцев удар, но тоа не значи дека можете да ја игнорирате болката.

Точните причини за костохондритис не се познати, но лекарите споменуваат одредени појави кои можат да доведат до оваа состојба. На болката во градите најчесто и претходи повреда во пределот на градниот кош, повторливи движења на горниот дел од телото, интензивно кашлање и одредена инфекција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП