7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСловенија ќе го оданочува со 70 проценти непријавеното богатство

Словенија ќе го оданочува со 70 проценти непријавеното богатство

Filing taxes

Словенечкиот Парламент едногласно во прво читање ги усвои измените на Законот за даноци, со што Владата сака да воведе „суперданок“ како
средство за борба против непријавените доходи.

Согласно измените, приходите, кои не се пријавени, ќе се оданочуваат со 70 проценти данок, а даночните власти ќе добијат пошироки надлежности за проверка на лицата, за кои ќе биде
утврдено дека трошат повеќе од она што пријавиле дека го заработуваат.

Предложено е и рокот за кој даночните власти ќе можат да истражуваат затајување даноци да биде зголемен од пет на десет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП