5 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦГК: Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на...

ЦГК: Ниту едно министерство или општина во земјава немаат високо ниво на заштита од корупција во јавните набавки

Денес, 3 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки.

Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0 % никаква заштита од корупција.

Ниту една институција не се наоѓа во зелената зона, на висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %.

4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50 %.

Најголема изложеност на корупција имаат Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.

Кај општините, најниско ниво на остварување на антикорупциските перформанси во јавните набавки е утврденo кај Кратово и Гостивар. Во црвената зона е и Градот Скопје, како и 40 други општини.

Најдобри перформанси кај министерствата имаат Министерството за одбрана и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со ниво на остварување на антикорупциските перформанси од 72 %. Кај општините, најдобри антикорупциски перформанси во јавните набавки има Општина Кавадарци, со 70 %, како и Велес и Пробиштип, со 66 %.

Ниското ниво не мора по секоја цена да значи корупција во јавните набавки на таа институција, туку дека не се преземаат сите можни мерки кои треба да ја спречат, и оттука можноста таа да се случи во овие институции е повисока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП