2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКамп за мобилни апликации и технологии во Скопје

Камп за мобилни апликации и технологии во Скопје

S

Програмери и претприемачи на мобилни апликации, бизнис експерти, технолошки иноватори и инвеститори ќе обедини дводневниот Камп за
мобилни апликации и технологии Mobile AppCamp, што се одржува од денеска во Скопје, во организација на Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ).

Меѓу панелистите на вториот Камп на мобилни апликации е најавен министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак, а обраќање ќе има и заменик-
министерката за информатичко општество и амдинистрација Марта Арсовска Томовска.

Најавено е обраќање и на светскиот претприемач Johan Stael von Holstein – прогласен за технолошки пионер на Светскиот економски форум „Глобален медиа иноватор“ од страна на
магазинот ФОРБС и интернет гуру во Шведска три години по ред.

Над 50 млади програмери и бизниси од Македонија и регионот ќе имаат можност да ги промовираат своите мобилни апликации пред потенцијални инвеститори и да формираат
партнерства со успешни претприемачи од мобилната индустрија од Шведска.

На Mobile AppCamp ќе се претстават тимови од Македонија, Србија, Шведска, Франција и Хрватска, а предавачите се од Македонија, Шведска, Бугарија, Србија и Словенија.
Во текот на настанот ќе бидат одржани состаноци со повеќе млади технолошки фирми кои бараат начини да ги прошират своите операци во Македонија.

На кампот учествуваат програмери и компании кои имаат своја мобилна апликација (лансирана на пазарот или прототип во изработка), што сакаат да ја промовираат и да ја
презентираат пред европски акцелератор фондови. Воедно, сите учесници ќе имаат можност да закажат меѓусебни средби и да аплицираат за менторирање со некој од предавачите на
кампот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП