2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen ја отвори 16-та фабрика во Кина и 105-та во светот

Volkswagen ја отвори 16-та фабрика во Кина и 105-та во светот

Germany Volkswagen Shares

Германскиот автомобилски гигант „Volkswagen“ во Кина ја отвори 16-та фабрика, а воедно и 105-та „VW“ фабрика во светот.

Новите погони се изградени во градот Нингбо. Проектираниот годишен капацитет е 300.000 возила, а ќе се постигне многу брзо, односно кога погоните и работниците ќе се воиграат.

За „Volkswagen“ новиот погон е многу значаен бидејќи моментално се наоѓа на најголемиот светски пазар, додека пак, на локалната заедница најважен и е податокот од 5.700 нови работни места.

Од супер модерната фабрика ќе доаѓаат модели подигнати на модуларна MQB платформа на која веќе се „тркалаат“ многу модели на групацијата. До сега, „VW“, на кинескиот пазар пласираше милиони возила, а тоа отвори нови амбиции.

Стратешкото подигање на нови погони, Германците ги води кон лидерската позиција во авто индустријата во апсолутнa смисла. Планот е до 2018 година од кинеските погони да бидат пласирани четири милиони возила на пазарите, што е цифра вредна за најголема почит, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП