28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИP&G забележа раст на приходите

P&G забележа раст на приходите

p&g aaa

Американската компанија „Procter & Gamble“, најголемиот производител на стока за широка потрошувачка, во третиот квартал оствари раст на профитот од 7,6 проценти, како и раст во приходите.

Од „P&G“ истакнуваат дека во трите месеци, заклучно со септември, евидентирале профит од три милијарди долари, а нивните приходи изнесувале 21.2 милијарди долари. Минатогодишните резултати на оваа компанија за истиот период изнесувале, 2.8 милијарди долари во заработката и 20.7 милијарди долари во приходи.

Раководните лица на компанијата велат дека очекуваат силен раст на профитот и во втората половина од фискалната година и се надеваат дека девизните курсеви во наредниот период ќе бидат поповолни отколку досега.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП