24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ не е загрижена поради скокот на еврото

ЕЦБ не е загрижена поради скокот на еврото

ecb3

Членот на извршниот одбор на Европската централна банка, Јерг Асмусен, вели дека не е загрижен поради курсот на еврото, кој во изминатите недели значајно се зајакна во однос на доларот.

„Не сум посебно загрижен поради курсот на еврото, туку само затоа што курсот е еден од елементите во нашата прогноза за инфлација. Немамо јасно зацртано ниво на курсот, но го земаме во предвид при нашите прогнози за раст и инфлација“, изјави Асмусен за италијански весник, а пренесува Франс прес.

Еврото во изминатите неколку недели значајно се зајакна во однос на доларот, поради разочарувачките економски податоци од САД, при што достигна највисоко ниво од 2011 година.

Меѓутоа, експертите тврдат дека овој раст би можел да го загрози закрепнувањето на еврозоната, додека поединечни големи европски компании веќе се жалеле на негативните последици кои ги имало зајакнувањето на еврото на нивниот профит од третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП