28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКипар: Можете да изнесете милион евра

Кипар: Можете да изнесете милион евра

kipar6

Кипарското министерство за финансии соопшти дека износот кој граѓаните на Кипар ќе можат слободно да го изнесат во странство ќе биде двојно зголемен на еден милион евра.

Во соопштението на министерството, меѓутоа, се наведува дека банките и понатаму ќе мораат да поднесат документација која ги оправдува таквите трансфери, пренесува Франс прес.

Најновото опуштање на контролата на капиталот доаѓа после завршувањето на планот за докапитализација и реструктуирање на банкарскиот сектор во оваа островска земја.

Имено, кипарските власти во март се договорија со партнерите од еврозоната и ММФ за пакет помош, поради кој неосигураните депоненти во двете најголеми кипарски банки претрпеа огромни загуби.

Кипарските власти тогаш воведоа ограничувања за да го спречат одливот на пари од земјата, а денес соопштија дека намерата им е до почетокот на наредната година во потполност да ги укинат овие ограничувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП