17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокадата ја намали довербата кај потрошувачите

Блокадата ја намали довербата кај потрошувачите

Budget Battle

Американската потрошувачка доверба падна поради загриженоста дека блокадата на владата и политичката криза околу лимитот на задолжување ќе го забави растот на најголемата светска економија.

Индексот на потрошувачката доверба падна овој месец на 73,2 од 77,5 поени од септември, соопшти Универзитетот во Мичиген, кој спроведе анкета, пренесува агенцијата АП.

Индексот е во пад трет месец по ред, откако во јули го достигна шестгодишниот максимум од 85,1 процент. Подиндексот кој ги мери очекувањата на Американците околу иднината паднал на најниско ниво од крајот на 2011 година, повлекувајќи го со себе целокупниот индекс.

Анкетата покажала дека потрошувачите сметаат дека владата станала главна препрека на патот кон посилен економски раст, а Американците овој месец изнеле најмногу негативни коментари на сметка на владата во последните 50 години, откако постои анкета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП