24 јануари, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„VW“ со „Rivian“ ќе ги нападне конкурентите „Tesla“ и „BYD“

„VW“ со „Rivian“ ќе ги нападне конкурентите „Tesla“ и „BYD“

Германскиот автомобилски гигант „VW Group“ ќе инвестира 5 милијарди долари во американскиот производител на електрични автомобили „Rivian“, кој се смета за најголем конкурент на „Tesla“ и „BYD“.

Целта е да се создаде заедничко вложување кое ќе произведува технологии што ги користат двата производители.

Акциите на „Rivia“ веднаш пораснаа за 8,6% на 25-ти јуни и повеќе од 40% во после-пазарното тргување, откако зделката беше објавена веднаш по завршувањето на сесијата на берзата, објави „AFP“. И покрај тоа што е пофален за својата технологија, „Rivian“ пријавува загуби и дефинитивно недостасува готовински тек.

Според договорот, „VW“ ќе направи почетна инвестиција од 1 милијарда долари во американската компанија во 2024-та година, која ќе се претвори во обични акции на „Rivian“, по што ќе следат дополнителни инвестиции во 2025-та и 2026-та година како поткрепа на идниот раст на „Rivian“.

Инвестицијата на германскиот гигант ќе му овозможи на „Rivian“ да финансира зголемување на производството во фабриката во Илиноис и развој на нова во државата Џорџија. „Rivian“, пак, ќе му дозволи на „VW“ да ја користи електричната технологија на Американците.

„Преку нашата соработка ќе ги воведеме најдобрите решенија во нашите автомобили побрзо и по пониска цена“, изјави извршниот директор на Германците, Оливер Блуме.

Двете компании очекуваат трансакцијата да се затвори во четвртиот квартал од 2024-та година, откако ќе биде предмет на регулаторни одобренија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП