29 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБројот на срцеви удари за време на натпреварите се зголемува за повеќе...

Бројот на срцеви удари за време на натпреварите се зголемува за повеќе од 5 проценти

Бидејќи играта e стресна за многу фанови, научниците предупредија дека гледањето фудбал всушност може да доведе до срцев удар.

Истражувачите од Универзитетот Јоханес Гутенберг ги анализираа приемите во болница во Германија за време на Светското првенство во Бразил во 2014 година и открија дека случаите на срцев удар се зголемиле за повеќе од пет проценти за време на турнирот.

Истражувачите ги споредиле приемите во болница и смртните случаи поради срцев удар во четири периоди: за време на Светското првенство, од 12 јуни до 13 јули 2014 година и за време на три периоди без големи фудбалски настани, од 12 јуни до 13 јули 2013 година, од јуни 12 до 13 јули 2015 година и помеѓу 14 јули и 14 август 2014 година.

Иако во периодот од 2011 до 2015 година немаше разлики во вкупниот број заболени од срцев удар во болниците во текот на јуни и јули, бројот на хоспитализирани е најголем во 2014 година.

Имаше вкупно 18.479 во текот на 31-от ден од Светското првенство – околу 1.000 повеќе отколку во следниот месец. Ова е зголемување од 5,4 отсто, а се верува дека е последица на емоциите кои ги разбранувале навивачите, предизвикувајќи скокови на хормоните за коагулација на крвта.

Срцевите удари на Светското првенство исто така беа за 3,7 и 2,1 отсто повисоки во споредба со годината пред и годината по СП.

Внимавајте ако имате коронарна артериска болест

„Гледањето фудбал на големи настани, како што се Светското првенство или Европското првенство, е придружено со возбуда. Но, тоа може да доведе и до гнев – придонесувајќи за појава на срцев удар“, предупреди кардиологот и главен автор на студијата, д-р. Карстен Келер.

Тој советуваше внимателност на сите со коронарна артериска болест.

„Обидете се да не се грижите премногу, вие сте особено ранливи“, заклучил докторот

Симптомите на срцев удар вклучуваат анксиозност, непријатност во градите, болка која се шири од градите на остатокот од телото, кашлица која не поминува долго време, замор, гадење и повраќање, губење на апетит, прескокнување отчукувања на срцето, зголемено потење и отекување на одредени делови од телото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП