19 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ ќе лансира ново семејство на мали автомобили

„BMW“ ќе лансира ново семејство на мали автомобили

За три години, во 2027-ма година, „BMW“ планира да лансира нов компактен електричен модел, кој ќе биде означен со индексот „i1“ и кој ќе се нуди и како хечбек и како седан.

По овој автомобил ќе следи моделот „i2“, кој исто така ќе биде достапен во две варијанти – како кросовер и како купе кросовер.

Новите производи ќе бидат целосно електрични алтернативи на „BMW Series 1“ и „BMW Series 2“, кои имаат мотори со внатрешно согорување и ќе бидат изградени на нова верзија на платформата „Neue Klasse“ со архитектура од 800 волти, наменета за најкомпактните модели на Баварците и наречен „NBx“.

„BMW i2“ е опишан како духовен наследник на прекинатиот „i3“, првиот сериски електричен автомобил на марката, кој се продаваше од 2013-та до 2022-ра година. Иако нема официјални информации за идните електрични автомобили, нивниот дизајн најверојатно ќе остане верен на стајлингот на концептите „BMW Neue Klasse“.

За разлика од платформата „NAx“ со погон на задните тркала која ќе дебитира во претстојниот седан „BMW i3“ и кросоверот „BMW iX3“, автомобилите на платформата „NBx“ ќе имаат погон на предните тркала.

Компанијата рече дека малите модели на „BMW“, иако се помалку профитабилни, се апсолутно неопходни за „поврзување на брендот со помладите генерации“. По дебито на првиот модел на платформата „Neue Klasse“, баварската компанија има намера да лансира шест нови модели во рок од две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП