Aurus Senat е официјалниот руски претседателски автомобил во вредност од 245.000 долари (околу 18 милиони рубли).
Рускиот претседател Владимир Путин е во посета на Северна Кореја, а на лидерот Ким Џонг Ун му подари руска лимузина. Aurus Senat, ретро стилизиран по лимузината ЗИЛ од советската ера, е официјален руски претседателски автомобил и Путин го возеше на неговата официјална церемонија во Кремљ во мај. Кога Ким ја посети источна Русија минатиот септември, Путин му покажа едно од црните оклопни возила. Ким седна до Путин во автомобилот и изгледаше како да ужива. Путин му го даде на Ким својот прв седан Аурус во февруари оваа година, рекоа тогаш двете земји, што значи дека тој сега има најмалку две возила.
Државниот истражувачки центар на Руската Федерација (НАМИ) го претстави Aurus Senat во 2018 година. Senat беше првиот модел во новата линија на ултра луксузни автомобили под марката Aurus. Senat ја имаше својата светска премиера на меѓународниот саем за автомобили во Москва во 2018 година, а возилото долго 6,6 метри стана новата лимузина на рускиот претседател Владимир Путин. Од 2019 година, Senat е придвижуван од 4,4-литарски V-8 мотор со 598 коњски сили, поврзан со хибриден погон. Има деветстепен автоматски менувач кој ја пренесува силата на сите четири тркала, а претседателскиот Senat е отпорен на куршуми и бомби, пишува Business Insider.
Компанијата го прикажа седанот Aurus заедно со светската автомобилска елита на Саемот за автомобили во Женева во 2019 година. „Одлучивме да одиме на Европската конвенција во Женева бидејќи саемот на автомобили во Женева, лично знам од моето деловно искуство, е саем на кој навистина може да се презентираат луксузни брендови и луксузни возила. Ние не сме мејнстрим. Правиме нешто изненадувачки бидејќи никој не очекуваше луксузен бренд од Русија“, изјави тогаш извршниот директор на Aurus, Хилгерт Франц Герхард.
Надграден модел
Лимузината „Aurus Senat“ е изработена, пишува порталот „Карскупс“, токму на време за инаугурацијата на Путин оваа година. Додека Aurus Senat беше доволно импресивен за да го привлече вниманието на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, тој стана малку застарен за рускиот претседател. Затоа Путин доби доградена верзија на моќниот седан на почетокот на неговиот петти мандат.
Почнувајќи од надворешноста, решетката е модернизирана со пошироко растојание, а хромираната контура долж дното сега се протега нанадвор од секоја страна, нагласувајќи ги страничните доводи за воздух. Покрај тоа, надградени се и фаровите. Назад, изгледот е поаеродинамичен, со правоаголни задни светла на врвот со хромирана лента што поминува низ целата ширина на автомобилот. Држачот на регистарската табличка на Сенатот исто така е поместен подолу, на браникот. Седанот сега повеќе личи на Bentley Flying Spur отколку на Rolls Royce Phantom. Внатре, возачот на Путин ќе има корист од новиот инфозабавен систем NAMI MM со огромен адаптивен екран на допир. Возачот ќе има корист и од подобрените камери околу возилото, како и системот за ноќно гледање. Сенатот ќе продолжи да се придвижува од хибриден погонски агрегат центриран на 4,4-литарски V8 кој развива 598 КС.
Во моментов, Aurus ги произведува овие возила само за поворката на Путин, но се очекува поширокото производство да започне во 2025 година во поранешната фабрика на Тојота во Санкт Петербург. Ѕверот на Путин вреди 245.000 долари (околу 18 милиони рубљи). Моторот има девет брзини и погон на четири тркала, а од компанијата тврдат дека овој модел на автомобил може да достигне брзина од 100 километри на час за шест секунди.