Еден од водечките светски брендови на апарати за домаќинство и електроника за широка потрошувачка, Hisense, ја зајакна својата позиција на глобалниот пазар. Според најновите податоци на меѓународниот институт за истражување на пазарот Omdia, испораките на Hisense телевизорот за првиот квартал од 2024 година достигнаа 6,32 милиони единици, што ја рангира компанијата на второто место од 2022 до првиот квартал на 2024 година!
Во првиот квартал од 2024 година, Hisense имаше 13,6 проценти удел во глобалните испораки на телевизори и 12,1 отсто удел во приходите од глобалната испорака на телевизори. Компанијата сега е рангирана на второ место во светот во однос на испораките на телевизори и прва во однос на испораките на телевизори од 100 инчи во 2023 година и во првиот квартал од 2024 година. Како лидер во технологијата и пазарот во областа на ласерските телевизори, Hisense имаше удел од 53,4 проценти во глобалната испорака на ласерски телевизори во првиот квартал од 2024 година.
Успехот на компанијата Hisense на исклучително конкурентен пазар е резултат на посветеноста на континуираните иновации за висококвалитетни производи и услуги, но и за развој на технологијата на апарати за домаќинство со цел подобрување на секојдневниот живот. Hisense Mini-LED ULED U7Kе официјалниот телевизор на UEFA EURO 2024™, кој обезбедува исклучително искуство за гледање фудбал на телевизор специјално дизајниран за љубителите на спортот и гејмерите. Со брзина на освежување од 240 Hz и AI Sports спортски режим, U7K ве води директно во срцето на играта.
Како официјален партнер на UEFA EURO 2024™, Hisense неодамна ја започна кампањата BEYOND GLORY со глобалните амбасадори Икер Касиљас и Мануел Нојер. Оваа кампања го означува третото по ред Европско фудбалско првенство на UEFA во кое Hisense е генерален партнер и дава исклучително важна можност за дополнително поврзување на брендот со потрошувачите ширум светот.
# # #
За Hisense
Hisense е еден од водечките светски брендови на потрошувачка електроника и апарати за домаќинство. Портфолиото на компанијата комбинира мултимедијални уреди со фокус на паметни телевизори, парати за домаќинство и интелигентни ИТ решенија. Hisense работи во повеќе од 160 земји во светот и постигнува исклучително динамичен раст во индустријата.