На Македонија и е потребен побрз и одржлив економски раст, порачува Бас Бекер, шеф на Регионалниот оддел за брзорастечки европски земји во Дирекцијата за Европа при Меѓународниот монетарен фонд.
Смета дека фиксниот девизен курс е корисен за Македонија и тоа треба да продолжи и во иднина.
Според Бакер, кој денеска во Скопје имаше презентација на тема „Побрз, повисок, посилен – зголемување на потенцијалот за раст на Централна, Источна и ЈИЕ“, ќе треба многу време да се достигне развој со проекции за економски раст од 2-3 проценти.
– Потребен ви е многу побрз раст, но потребно е тој да биде одржлив и да има прилив на капитал, рече Бакер на прес-конференцијата по презентацијата.
Предвидениот раст за оваа година на земјите од регионот е 1,7 проценти, а за наредната е 2,7 проценти. Бакер потенцира дека растот следната годна во сите земји во регионот ќе биде поголем.
– Се надевам дека во иднината растот ќе биде поголем бидејќи со низок раст многу тешко дека ќе се намали невработеноста и ќе се надмине прашањето со нефункционалните заеми, истакна Бакер.
За посилен раст, спроед него, дека треба да се надминат последиците од кризата, да се подобри деловното окружување, економиите да станат поотворени и да се подобри нефункционалноста на пазарот на труд.
Смета дека се важни и политиките на владите и оти макроекономската стабилност е многу важна, каде пак клуч е фиксниот девизен курс. Добрите политики, вели, се исплаќаат со текот на времето.
Најави дека следната недела во Македонија ќе пристигне Мисија на Меѓународниот монетарен фонд за тековните состојкби во земјата.