„Audi e-tron GT“ и „RS e-tron GT“, во продажба од 2021-ва година, се многу моќни и исклучително удобни електрични автомобили. Сега германската марка ја обнови гамата „e-tron GT“ за моделската 2025-та година, а покрај ажурирањето на основниот модел и „RS“, вклучува и нов предводник – „RS Performance“, кој воедно е и најмоќниот сериски „Audi“ во историја.
Во срцето на новото семејство „e-tron GT“ е батерискиот пакет со капацитет од 97 kWh, што е за 9 kg полесен од претходниот со 84 kWh. Подобрен е и системот за регенеративно сопирање, кој се зголеми од 290 на 400 kW, прилагодени преку лопатките зад воланот. Новиот модел може да помине до 609 километри со едно полнење под идеални услови.
Максималните брзини на полнење се исто така зголемени од 270 на 320 kW, што значи дека батеријата може да се наполни од 10-80% за само 18 минути, додека полнењето од 10 минути може да додаде досег од 280 километри. Подобрувањата направени на батеријата исто така значат дека таа може да одржува брзина на полнење од над 280 kW многу подолго од стариот модел. Батеријата исто така може да се лади или загрева за брзо полнење.
Значајни промени се направени и кај електромоторите на „e-tron GT“. Основниот модел, сега познат како „S e-tron GT“, располага со пар мотори кои комбинирано произведуваат 679 ks. Моќта на „RS e-tron GT“ е зголемена на 863 ks, а новиот предводник „RS e-tron GT Performance“, како што се испостави, испорачува 925 ks.
Со таа дополнителна моќ доаѓа дополнителна брзина. Верзијата „S e-tron GT“ забрзува до 100 km/h за само 3,4 секунди, додека новиот „RS e-tron GT“ го прави истото за 2,8 секунди. Најмоќната варијанта, „RS e-tron GT Performance“, има потреба од 2,5 секунди, а максималната брзина му е 250 km/h.
Инженерите на „Audi“ поставија и нови сопирачки. „S e-tron GT“ стандардно доаѓа со челични тркала, додека моделите „RS“ имаат тркала обложени со волфрам карбид. Сите верзии можат да бидат опремени со карбон-керамички дискови и предни клешти со 10 клипови.
Направени се значителни подобрувања на стандардната воздушна суспензија и опционална активна суспензија. Новото поставување ветува дека ќе го задржи автомобилот „речиси хоризонтално при динамично сопирање, управување и забрзување“ и има прилагодлива висина на возење. Опција е и погонот на сите тркала.
Промените во кабината се мали, вклучувајќи нови седишта, различен волан и опционален панорамски стаклен покрив кој може да се претвори во матен со притискање на копче. Виртуелниот кокпит на „Audi“ е исто така ажуриран и има нова мешавина на материјали, вклучително дрвени влошки, микрофибер „Dinamica“ и опционални седишта прилагодливи во 18 насоки.
Европските цени за новиот „S e-tron GT“ започнуваат од 126.000 евра и се зголемуваат до 147.500 евра за „RS e-tron GT“. Водечкиот „RS e-tron GT Performance“ чини минимум 160.000 евра.