9 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАДесет правила за успех во работењето

Десет правила за успех во работењето

S

Ако сонувате за успех во работењето, остварувањето и не е толку далеку. Следете ги овие десет едноставни правила за да ја постигнете својата цел:

 

Внимателно бирајте облека за интервју

– Истражувањата покажуваат дека работодавците сакаат кандидати кои носат сива и плава боја, во комбинација со пастелни бои. Затоа, ако сакате да бидете забележани, одлучете се за неутрални тонови.

 

Начинот на кој зборувате е еднакво важен како и она што го зборувате

– Монотоноста на гласот и позерските изјави кои се помеѓу прашањата и тврдењата оставаат впечаток на несигурна особа.

 

Активно учествувајте во разговорот

-Потенцијалните вработени кои го искажуваат своето мислење на почетокот на средбата  се подобро оценувани од оние кои чекаат на крај конечно да проговорат

 

Не извинувајте се

– Жените имаат навика да се извинуваат и кога ништо не направиле погрешно, прифаќајки на таков начин туѓа вина.

 

Професионалност

– Ова пред се, подразбира да настојувате емоцииите да ги држите под контрола, без разлика што се ви се случува во приватниот живот. Ако заплачете или покажете бес, работодавците ќе ве сметаат за незрели и неспособни за работното место.

 

Не се откажувајте

– Ако мислите дека е лесно да ве заменат, тогаш вашата несигурност ќе се одрази на ефикасноста во работата. Можеби само што сте почнале со работа, ако се откажете, барањето замена за вас ќе чини време и пари.

Поработете на ракувањето

– Имајте на ум дека слаб стисок на раката дава впечаток на несигурна и нервозна особа без ентузијазам, додека цврстиот стисок дава самодоверба.

 

Заборавете на безсмислени приговори

– Конструктивен приговор или загриженост слободно изразете но само ако имате предлог за решение на проблемот.

 

Не цинкарете

– Ако забележите дека се случува нешто нелегално, тогаш секако би требало да пријавите, но доколку се некои ситни работи, задржете ги за себе.

 

Не се кикотете

– Покажете добра, отворена насмевка. Кикотење од друга страна звучи незрело и не припаѓа во деловното опкружување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП