3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпортската Audi А3 Лимузина пристигна во Македонија

Спортската Audi А3 Лимузина пристигна во Македонија

Audi A3 Limousine

На отворањето на овогодинешниот Моден викенд во Скопје, Порше Македонија ја претстави третата изведба од успешната А3 серија – Ауди А3 Лимузина.

Брендот Audi со овој модел за прв пат влегува во најголемиот светски сегмент – класата на компактни лимузини.

Ауди А3 Лимузина како прв Audi модел во премиум компактната класа, блеска со својот спортски карактер, а со малата тежина поставува нови стандарди. Најмалата тежина е постигната кај моделот  1.4 TFSI S – Tronic и благодарение на лесниот дизајн наречен Audi Ultra, изнесува само 1.250 килограми. Импресионираат ефикасните возни својства како и големиот број на системи за помош на возачот направени сoгласно последните технолошки достигнувања. Пространата внатрешност на овој спортски автомобил со четири врати е недвосмислено комфорна за оваа класа на автомобили, рафинирана и јасна. Како и кај сите останати Audi возила, управувањето е лесно, а командите се лесно достапни и едноставни за употреба. Багажниот простор изнесува 425 литри, а може да биде значително зголемен со преклопување на задните седишта.

Достапен е со 4 агрегати: два дизелски TDI мотори и два TFSI бензински мотори. Работната зафатнина изнесува 1.4, 1.6, 1.8 и 2.0 литри, а моќноста меѓу 103 kW (140 КС) и 132 kW (180 КС). Сите мотори комбинираат голема моќ со неверојатна заштеда на горивото. Се истакнува бензинскиот 1.4 TFSI мотор кај кој при ниски оптоварувања привремено се исклучуваат два цилиндри. Врвниот модел е со ознака S3 и со 300 КС и quattro погон.

На барање на клиентите, кај Audi A3 Лимузина може да вгради Audi drive select (кој е во стандард кај Ambition нивото на опрема). Тоа му овозможува на возачот да избере еден од неколкуте  начини на управување со моторот, управувачот и S – Tronic менувачот. Големината на тркалата се движи од 16 до 19 инчи во дијаметар.

Die Audi A3 Limousine geht an den Start/Ingolstadt, 20. September 2013

Последен  збор на технологијата: Audi А3 Лимузина им нуди на своите возачи широк спектар на информативно забавни модули, на врвот е опцијата која вклучува аудио систем од Bang & Olufsen и MMI навигација плус. Најновиот 7-инчен екран совршено со вклопува во инструмент таблата. Корисникот има голем број опции за користење на MMI системот преку сверичната површина за управување која воедно може да биде чувствителнa и на допир. На површината можат да се пишуваат букви и бројки кој системот ги распознава.  Возачот може да ги користи придобивките од поврзувањето со интернет, тука се сите услуги кои се дел од Audi Connect: Google Earth и Google Street View слики, Audi он-лајн сообраќајни информации, поврзување со Фејсбук и Твитер. Сосема нова Audi Connect услуга достапна во одредени земји –  е локаторот на паркинг  простор. Оваа функција обезбедува информации за паркинг простори, паркиралишта со мулти – нивоа и подземни гаражи.

audi23

Audi А3S со 221 kW (300 КС)

Најбрзата верзија доаѓа со 2.0 TFSI бензински мотор со 221 kW (300 кс) и вртежен момент од 380 Nm. Моделот забрзува од 0 до 100 km/h за само 4,9 секунди кај моделот со шест –степен S Tronic менувач (5.3 секунди со мануелен менувач). Брзината е електронски ограничена на 250 km/h. Четири – цилиндричниот турбо мотор во просек троши 6,9 литри на 100 km.

Audi A3 Limousine

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП