18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбрз раст на британската економија

Најбрз раст на британската економија

britanskibanki1

Британската економија се зголеми во третиот квартал со најбрзо темпо за последните три години, што е показател дека заздравувањето на нејзината економија станува самоодржливо.

Британската економија во три месеци заклучно со септември се зголемила за 0,8 проценти, што е малку над растот од 0,7 проценти од претходниот квартал и највисокиот квартален раст од вториот квартал од 2010 година, соопшти британската канцеларија за статистика, пренесува Франс прес.

Според наведените податоци, забележан е раст во сите важни сектори, како што е преработувачкиот, секторот за услуги и градежништвото, кое оствари раст од  2,5 проценти.

„Британија повторно зајакнува, при што нејзината економија покажува одржлив раст“, изјави шефот на лондонската компанија Маркит, Крис Вилијамсон.

Овие вести доаѓаат во момент кога повеќето економисти предупредуваат на симптомите кои во минатото предизвикаа проблеми, додека клучна загриженост предизвикува пазарот за недвижнини.

Имено, во изминатите неколку месеци, цените на недвижнините во Британија се зголемиле, особено во југоисточниот дел од земјата и во самиот Лондон, предизвикувајќи загриженост дека би можел да се случи уште еден „балон на недвижнини“, кој ќе ја принуди централната банка на Британија да ја подигне каматната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП