26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве кој произведува најмногу паметни телефони

Еве кој произведува најмногу паметни телефони

Во првиот квартал од 2024-та година се произведени вкупно 296 милиони паметни телефони, што претставува раст на производството од 18,7 отсто во споредба со истиот период минатата година.

Неодамнешниот извештај на „Trendforce“ открива силен раст од 18,7 отсто на годишно ниво во производството на паметни телефони во првиот квартал од 2024-та година, со вкупни испораки од 296 милиони единици.

Имено, на пазарот во првиот квартал од оваа година доминираше „Samsung“ и произведе 59,5 милиони телефони. По него следат „Apple“, „Xiaomi“, „Oppo“ (вклучувајќи ги „OnePlus“ и „Realme“), „Transsion“ („Infinix“, „Tecno“, „iTel“) и „vivo“. Заедно, овие брендови сочинуваат 80 отсто од глобалниот пазар на паметни телефони, а „Samsung“ држи дури 20 отсто од вкупниот удел.

Во продолжение погледнете ја табелата со конкретни бројки на телефони произведени во првиот квартал од оваа година:

Но, и покрај ваквиот раст, од „Trendforce“ велат дека тоа е последица на многу ниското производство на почетокот на 2023-та година, така што бројките од вториот квартал на 2024-та година ќе бидат пореални, а соодветно и веројатно – помалку.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП