26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОва е најголемиот „Smart“ до сега (ФОТО)

Ова е најголемиот „Smart“ до сега (ФОТО)

На интернет се појавија фотографии од најголемиот модел на брендот „Smart“.

По концептната верзија имаме можност да видиме како ќе изгледа серискиот „Smart #5“.

Се чини дека ерата на малите „Smart“ автомобили е завршена бидејќи најновите модели стануваат се поголеми.

„Smart #5“ е најдобар пример за тоа со надворешни димензии (L/W/H) од 4.705/1.920/1.705 mm, додека меѓуоскиното растојание е дури 2.900 mm.

Според наведените димензии, „#5“ е сличен на новата „Honda CR-V“, иако со 20 cm подолго меѓуоскино растојание.

Всушност, новиот „Smart“ е ривал по големина како „BMW X3“, „Audi Q5“ и „Mercedes GLC“, дури и се приближува до „Model Y“ на „Tesla“.

Целосно електричниот „SUV“ нуди четири опции за возење. Варијантите со погон на задните тркала ќе генерираат 340 ks (250 kW) или 363 ks (267 kW) од еден електричен мотор поставен на задната страна.

Во двете конфигурации, енергијата ќе се црпи од литиум-железо-фосфатна батерија (LFP).

Ќе има и две варијанти со погон на сите тркала, но со никел-манган-кобалт (NMC) батерии.

Тие ќе го спојат предниот електричен мотор од 224 ks (165 kW) со 363 ks (267 kW) или 422 ks (310 kW) од агрегатите поставени одзади.

Во комбинација, „Smart #5“ со погон на 4 тркала ќе испорача до 646 ks (475 kW) во врвната опрема, што укажува на сериозни перформанси.

Потсетуваме дека концептот „Smart #5“ користеше архитектура од 800 волти, добиена од матичната компанија „Geely“.

Следствено, батерија која нуди повеќе од 100 kWh може да се наполни од 10-80% капацитет за само 15 минути.

Компанијата, исто така, бараше домет од над 550 километри, според стандардот „WLTP“. Очекувајте слични бројки за сериската верзија, особено за предводникот.

„Smart“, кој сега е заедничко вложување помеѓу „Mercedes-Benz“ и кинеската компанија „Geely“, потврди дека произведениот „#5“ ќе пристигне во салоните во втората половина на годината.

Освен во Кина, се очекува моделот да се нуди и во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП