3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на H&M падна на 825 милиони долари

Добивката на H&M падна на 825 милиони долари

him1

Шведската компанија „H&M“ извести за неочекуваниот пад на добивката во четвртиот квартал, кој се должи делумно на повисоките трошоци од нејзините напори да стане повеќе конкурентна, во споредба со шпанската компанија „Inditex“.

Во периодот од септември до ноември од минатата година, нето добивката паднала на 5,29 милијарди шведски круни (825 милиони долари), од 5,36 милијарди круни, колку што изнесуваше во истиот период претходната година. Приходите се зголемени за пет проценти, на 37,9 милијарди круни.

Втората по големина модна група во светот, по „Inditex“, смета дека на нејзините бизнис резултати големо влијание имале инвестициите во онлајн продавниците, новиот синџир на продавници, плановите за воведување на нова модна линија и невообичаено силната шведска круна.

Поголемиот дел од бизнисот на оваа компанија е концентриран во Европа, каде што потрошувачката е пригушена од должничката криза и зголемената невработеност.

„Долгорочните инвестиции доведоа до поголеми трошоци“, изјави извршниот директор Карл Јохан Персон.

„H&M“ планира во новата фискална година, која започна на 1 декември 2012 година, да отвори 325 нови продавници, во споредба со 304 продавници кои беа отворени во претходната фискална година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП