5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилното евро и штети на економијата на еврозоната

Силното евро и штети на економијата на еврозоната

evrozona1

Зајакнувањето на еврото може сериозно да го загрози економското закрепнување на еврозоната, а на тоа укажува и падот на деловните активности, оценува американскиот бизнис весник „Wall Street Journal“.

Еврозоната сега, како што наведува „Wall Street Journal“, се соочува со рекордно висока невработеност, слаба потрошувачка и побарувачка и тешкотиите кои ги имаат бизнисмените при добивањето на кредит, па затоа растот на курсот на еврото во однос на доларот и другите јавни валути претставува дополнителен проблем за регионот, особено за извозно насочените економии како што е германската.

Според оценката на експертите на кои се повикува „Wall Street Journal“, растот на курсот на еврото може сосема да го запре тековното економско закрепнување на еврозоната и да го попречи решавањето на должничката криза која и понатака владее во Грција и уште во неколку загрозени членки на групацијата составена од 17 земји кои го користат еврото како валута.

Силното евро, кое вчера на американскиот пазар ја надмина важната граница од 1,38 долари, што е најголемото ниво во последните две години, може да претставува проблем и за Европската централна банка која веќе долго време ја одржува основната каматна стапка на рекордно ниско ниво, вели „Wall Street Journal“.

Според оценката на „Wall Street Journal“, можниот раст на еврото не само што ќе му отежне на раководството на ЕЦБ да води лабава каматна политика, туку би можело да влијае и на зајакнувањето на инфлацијата, која сеуште е ниска и во преоектираните рамки.

Прва, на тековниот раст на еврото, реагираше Франција, на тој начин што владата на оваа земја оваа недела јавно предупреди дека заедничката влаута на еврозоната веќе силно зајакнала и дека поради тоа ЕЦБ треба да превземе соодветни мерки, велат од „Wall Street Journal“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП