18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКратки вести од светот

Кратки вести од светот

najnovi-vesti1

Белград – Според брзината на издавање на градежни дозволи, Србија повторно ќе се најде меѓу последните десет земји на Дуинг бизнис, листа на Светска банка за 2014 година. Тоа место и припаѓа бидејќи не се направи никаков напредок во таа област, соопшти Националната алијанса за локален економски развој НАЛЕД. Тој извештај, во кој се анализираат условите за работа во 185 земји, ќе биде претставен на 29 октомври и Србија повторно нема да ја поправи својата позиција во очите на инвеститорите, наведе таа организација.

Панчево – Изградбата на Јужен тек кој за Србија е проект од национално значење, треба да почне до крајот на оваа година, потврди српскиот премиер Ивица Дачиќ. Тој најави посета на претседателот на Управниот одбор на Гаспром Алексеј Милер на Србија кон крајот на октомври, со кој ќе разговара за тој проект. Јужен тек во Србија е прогласен за проект од нацинално значење и се оди кон негова реализација, а во тек се и техничките подготовки за почеток на изведбата, рече Дачиќ за новинарите во Рафинеријата Панчево, каде со комесарот за прашања на енергетиката на ЕУ, Гинтер Етингер и генералниот директор на Нафтена индустрија на Србија Кирил Кравченко, ја посети таа фабрика.

Загреб – Европската банка за обнова и развој ЕБРД покрена нова финансиска рамка од 75 милиони евра за одржлива енергетска ефикасност на подрачјето на Западен Балкан. Средствата ќе помогнат за подобро користење на енергијата во регионот, соопшти ЕБРД. Финансиската рамка во вредност од 75 милиони евра, е дизајнирана да обезбеди кредитни линии на банките во Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија, Косово, Црна Гора и Србија, за понатамошно кредитирање на приватни и општински корисници на инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Подгорица – Работната група на Владата во Подгорица до крајот на ноември ќе излезе со проценка дали на Црна Гора и се исплатува основање на државен телеком. Државата има своја потребна инфраструктура за основање на телеком, рече министерот за информатичко општество и телекомуникации Вујица Лазовиќ, на панел дискусијата Дигитализирај ме, не прецизирајќи дали конечниот предлог на работната група ќе биде позитивен. Оптичките влакна се развлечени низ инфраструктурата на Железница на Црна Гора како и на црногорскиот електропреносен систем, а одредена инфраструктура се наоѓа во посед на уште некои државни компании, рече Лазовиќ.

Подгорица – Претседателот на Република Српска Милорад Додик понуди тој босанско-херцеговски ентитет да се снабдува со електрична енергија од Комбинатот за Алуминиум Подгорица (КАП). Како што пренесоа подгоричките медиуми, Додик предложил РС да се снабдува со струја од КАП, по цена од 36 евра за мегават час, со потпишување на договор на пет години. КАП моментално струјата ја плаќа 42 евра по мегават час.

Лондон – Растот на кредитите во централна, источна и југоисточна Европа и понатаму е слаб, оценето е во Виенската иницијатива. Како што се наведува, решението за проблемот на ненаплатливи заеми и за регулаторните дилеми ќе биде клучно за намалување на ограничувањата на моменталните понуди на кредити. Проценката за причината за слаб раст на кредитите во секоја земја од регионот поединечно, е значајна за изнаоѓање на соодветна политика, беше истакнато на Форумот на Иницијативата, соопшти Европската банка за обнова и развој (ЕБРД).

Москва – Рускиот премиер Дмитриј Медведев го отпушти директорот на Агенцијата за заштита на потрошувачи, Генадиј Онишченко. Онишченко во јавноста стана познат по забраната за увоз на производи од земји со кои Москва има спорови. Онишченко бил на чело на Агенцијата од 2004 година. Тој го забрани увозот на вино и минерална вода од Грузија по влошувањето на односите меѓу оваа поранешна советска република и Москва во 2006 година.

Берн – Операторот на швајцарската берза покрена истрага околу најголемата швајцарска банка УБС, која се товари за кршење на прописите за финансиско известување. Берзата наведе дека банката кон крајот на минатата година испратила два извештаи кои можеби се во спротивност со прописите за тоа како компанија со чии акции се тргува на берзата треба да ги претстават потенцијално ценовно чувствителните факти, кои можат многу да влијаат на вредноста на нивните акции.

Токио – Јапонската компанија Панасоник подготвува масовно отпуштање на работници кои произведуваат чипови. Од вкупниот број од 14.000 работници, половината можат да бидат прогласен за вишок, а можна е и продажба на некои фабрики. Како што пренесе и јапонскиот весник Никеи, компанијата го намалува производството на чипови, бидејќи во таа област се намалуваат мрежите поради големата конкуренција, пред се од јужнокорејските фирми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП