2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГазпром се шири во Јапонија

Газпром се шири во Јапонија

gazprom3

Советот на директори на „Газпром“ донесе одлука за отворање на претставништво во Јапонија, соопшти рускиот гигант.

„Газпром“ во моментов предлага ваква идеја со цел проширување на компанијата за таа да може да привлече поголем број на земји кои ќе бидат нејзини постојани корисници на гас.

„Газпром“ ја смета Јапонија за целен пазар за течен природен гас, кој компанијата ќе го испорачува преку проектот Владивосток ТПГ, пренесува агенцијата Итар тас.

Советот на директори му порача на претседателот на управниот одбор на „Газпром“ Алексеј Милер да ги превземе неопходните мерки за реализација на донесената одлука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП