3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФорбс: Мајкл Џексон со најголема заработувачка меѓу покојниците

Форбс: Мајкл Џексон со најголема заработувачка меѓу покојниците

mj

Познатото американско списание Форбс објави листа на најбогати мртовоци, односно покојници кои после смртта продолжуваат да заработуваат.

Така најпозната поп икона на денешницата Мајкл Џексон откако почина, во само една година од октомври 2012 до октомври 2013 „заработил“ дури 160 милиони долари.

За споредба, поп кралицата Мадона во истиот период, жива и здрава, заработила само 125 милиони долари.

Славниот Мајкл Џексон така повторно се врати на тронот, од каде минатата година го смени славната актерка и негова пријателка Елизабет Тејлор, која сега со скромните 25 милиони долари, падна на четвртата позиција.

Втората позиција ја држи кралот Елвис Присли, кој постхумно остварил приход во минатата година од 55 милиони долари.

Бронзен на листата е еден од најголемите стрп автори Чарлс Шулц- „таткото“ на Чарли Браун и Снупи, чија заработувачка достинала 37 милиони долари.

Кралот на регето, ненадминливиот Боб Марли е петти со приходи од 18 милиони долари.

На списокот се уште и платинастата убавица Мерлин Монро со 15 милиони долари заработувачка, па убиениот Битлс, Џон Ленон со 12 милиони, па дури и научникот Алберт Ајншајн со пристојни десет милиони долари во минатата години и актерот и кунг фу борец Брус Ли со завидни седум милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП