28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNorwegian Air Shuttle забележа пад на профитот

Norwegian Air Shuttle забележа пад на профитот

norwegian1

Норвешката нискобуџетна авиокомпанија „Norwegian Air Shuttle“, една од најбрзо растечките во Европа, во третиот квартал забележи пад на нето профитот од 31 процент.

Падот на профитот е последица од трошоците за изнајмување на заменски авиони по приземјувањето на новиот „Dreamliner“ од „Boeing“.

Нето профитот во три месеци, заклучно со септември, изнесувал 435,8 милиони норвешки круни (74 милиони долари), во однос на 628 милиони круни во истиот период минатата година, а компанијата наведува дека потрошила 100 милијарди круни на замената на „Dreamliner“ кој беше приземјен поради штета, како и за компензација за патниците чии летови биле одложени, пренесува агенцијата АП.

Приходите во третиот квартал пораснале за 15 проценти на 4,88 милијарди од 4,22 милијарди круни од претходниот квартал.

„Norwegian Air Shuttle“ рапидно расте во последните неколку години, проширувајќи го присуството во светот и отворајќи нови бази. Компанијата, сепак, наведува дека е соочена со раст на конкуренцијата на популарните дестинации за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП