Летото за многумина е најубавото годишно време. Период на одмор, плажа, сетилно уживање, моменти кога сакаме да се опуштиме и да уживаме во сите негови убавини. Кога наспроти секојдневното брзање и стрес, сакаме во ресторан да седнеме на јадење, да си купиме сладолед, некогаш на нога да уживаме и во т.н. брза храна или junk food… едноставно да посакаме времето да застане, и да уживаме и во храната и во околностите. Некогаш дури и да се прејадеме, препуштајќи се на моментите на уживање.
Но летото и високите температури носат и опасности од консумирање на несоодветно чувана и подготвена храна. Па многу често знае да се појават цревни инфекции, стомачни вирузи, да имаме подуеност и мачнини во стомакот, воспаленија па дури и чир на желудникот и дебелото црево. Во овој период зачестени се инфекции со хеликобактер поради консумирање расипана храна која предизвикува стомачни проблеми, што дополнително бара ефикасно природно решение.


