3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа една третина од Французите сметките се прескапи

За една третина од Французите сметките се прескапи

francepeople1

Една третина од Французите во последните три години се соочила со проблемот околу превисоките сметки за електрична енергија и греење.

Девет од десет анкетирани Французи изјавиле дека водат сметка за потрошувачката на енергија, како од економски така и од еколошки причини, покажуваат резултатите кои ги спроведе агенцијата „Mediaprism“.

Од 2005 година, гасот за домаќинствата поскапел за 80 проценти, пренесува агенцијата АП.

Во Франција, цената на гасот во моментов мирува, но затоа цента на електричната енергија во август поскапела за пет проценти. За греење Фрнацузите во просек годишно трошат околу 1.000 евра.

Цената за електричната енергија која се користи во домаќинствата според 84 проценти од анкетираните Французи најмногу поскапела во последните три години и претставува најголемо оптеретување за куќниот буџет.

Една половина од испитаниците потврдиле дека со цел да заштедат на електрична енергија извршиле замена на прозорите во становите, купиле економични грејни тела, промениле изолација на надворешните ѕидови и конструкција на кровот.

Тројца од четири анкетирани лица кои ги извршиле наведените работи, навеле дека сметките за електрична енергија и греење им се намалени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП