20 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТПресврт во случајот со Данка Илиќ: Осомничениот Срѓан Јанковиќ негираше дека учествувал...

Пресврт во случајот со Данка Илиќ: Осомничениот Срѓан Јанковиќ негираше дека учествувал во убиството на девојчето

Осомничениот за убиството на девојчето од Бор, кој денеска беше сослушан во Вишото јавно обвинителство во Зајечар, негираше дека има врска со убиството за кое се товари.

Како што потврдија од Вишото јавно обвинителство Заечар, осомничениот Срѓан Јанковиќ целосно негирал дека има врска со исчезнувањето и убиството на девојката од Бор, за што е осомничен.

Тој до денеска се бранеше со молчење, а пред околу една недела преку својот адвокат побара да ја изнесе својата одбрана во обвинителството.

Девојчето Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско поле кај Бор.

По 10-дневна потрага и детална проверка на сите индиции и информации, полицијата уапсила двајца мажи од Бор, кои се осомничени дека го удриле девојчето со автомобил, а потоа нејзиното тело го ставиле во багажникот на автомобилот и го однеле на депонија.

Истрагата до денес не собрала материјални докази што би ги поврзале двајцата осомничени со убиството на девојчето, ниту пак е пронајдено тело.

Истрагата ја одбележаа бројни скандали и пропусти, а најголем е смртта на братот на осомничениот Д.Д. кој еден ден откако бил приведен починал во полициската станица Бор. Полицијата тогаш соопшти дека братот на осомничениот ненадејно починал од срцев удар, но сепак била наредена обдукција.

Подоцна се дозна дека братот на осомничениот најверојатно умрел од насилна смрт. Ова прво го објави неделникот Радар, а во прилог на оваа теза во моментов говори податокот дека предметот го презеле Вишото јавно обвинителство Ниш кое покренало истрага.

Обвинителството во Ниш упорно одбива да и каже на јавноста што покажал извештајот од обдукцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП