24 јуни, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗа брз метаболизам: Храна која е неопходна за постарите луѓе

За брз метаболизам: Храна која е неопходна за постарите луѓе

Сложените јаглехидрати, кои често се наоѓаат во цели зрна, мешунките, зеленчукот и овошјето, се важен дел од урамнотежената исхрана.

За разлика од едноставните јаглехидрати, кои брзо се варат и може да предизвикаат скокови на шеќерот во крвта, на сложените јаглехидрати им треба подолго време за да се разградат, обезбедувајќи подолготрајно ослободување на енергија.

Како што старееме, нашиот метаболизам природно се забавува, што го отежнува одржувањето на здрава тежина и пониски нивоа на енергија. Сепак, нутриционистот Варша Катри издвои две намирници кои како што старееме треба да ги јадеме секој ден. Главната причина, посочува, е што го забрзуваат метаболизмот.

Каква храна треба да јадеме секој ден?

Како намирници кои секојдневно треба да се најдат на нашето мени, нутриционистот ги издвои слаткиот компир и киноата.

„Киноата и слатките компири се одлични примери за сложени јаглехидрати кои можат да влијаат на вашиот метаболизам, особено како што стареете“, истакнува Катри.

Тој додава дека киноата „со својот термички ефект промовира продолжено ослободување на енергија и го забрзува метаболизмот. Од друга страна, високата содржина на влакна во слатките компири го помага варењето и го стабилизира нивото на шеќер во крвта, спречувајќи пад на енергијата и прејадување“.

Метаболизмот се забавува со возраста од различни причини, истакнува нутриционистот.

„Различни причини, како што се намалената мускулна маса и хормоналните промени, го забавуваат метаболизмот на телото со возраста. Сепак, ова забавување може да се спротивстави со консумирање сложени јаглехидрати како киноа и слатки компири. Овие намирници обезбедуваат постојан проток на гликоза во крвотокот На тој начин спречувате скокови или падови на шеќер кои можат да му наштетат на вашиот метаболизам“, заклучува таа, пренесува „She Finds“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП