1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпаниите Тинекс и Млекара АД Битола заедно за подобра иднина

Компаниите Тинекс и Млекара АД Битола заедно за подобра иднина

tineks

Денеска во просториите на ДСУ за рехабилитација и образование “Св. Наум Охридски” предводени од хуманоста и желбата да помогнат во сите сфери на општеството во кое нивните верни потрошувачи припаѓаат, двете Македонски успешни и големи компании Тинекс и Млекара АД Битола заедно спроведоа голема донаторска активност. Двата македонски бренда следејќи ги потребите на децата во ова училиште,  донираа 30 кревети и 30 душеци кои моментално се неопходни за нивното секојдневие и како би имале нормални услови за школување и живот во интернатот.

“Чест и задоволство ни е што повторно можеме да помогнеме онаму кај што е најпотребно. Овој пат компанијата Тинекс, преку платформата Тинекс,ти и јас, во соработка со компанијата БиМилк помогна на Училиштето Св.Наум Охридски донирајќи 30 нови кревети и 30 душеци кои што се надеваме дека ќе придонесат за подобрување на престојот на децата во ова училиште.”– изјави претставникот на Тинекс г-ѓа Цветанка Христовска.

„За Битолска млекара преставува големо задоволство секоја можноста да им се помогне на институциите како што е ДСУ за рехабилитација и образование „Св.Наум Охридски“ кои што работат со најранливите групи во општеството. Во Тинекс пронајдовме партнер кој ја споделува визијата на компанијата за несебична заложба за помош на оние на кои им е најмногу потребно и денес со радост ја најавуваме првата од повеќе донации кои ќе бидат наменети за децата и младите со посебни потреби. Битолска млекара и во иднина ќе се вклучува во хуманитарни активности кои имаат за цел да им помогнат на децата и младите.“ – Изјави маркетинг менаџерот на Млекара АД Битола г-ѓица Полексена Ристеска.

“Оваа донација придонесе многу за потребите на нашето училиште. Искрено сакам да им се заблагодарам на компанијата Тинекс и компанијата БиМилк за својата несебична поддршка која ја дадоа и излегоа во пресрет на нашите потреби. Се надевам дека оваа донација ќе претставува пример за останатите да донираат секогаш кога помошта е повеќе од потребна” – изјави директорот на ДСУ Св Наум Охридски г. Стојче Андев.

По оваа донација, Млекара АД Битола и Тинекс, предвидуваат спроведување на уште неколку донаторски активности за јавните установи. Следните донации, како и оваа, ќе бидат во форма на материјални сретства и помагала за подобрување на квалитетот на животот на децата и младинците со посебни потреби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП