4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPod слави роденден, но дали е последен?

iPod слави роденден, но дали е последен?

Day 39 of 365 - iPods

„iPod“ го слави својот 12-ти роденден, кој водено би можел да биде и последен. „Apple“ повеќе од една година нема претставено нов „iPod“, a компанијата да планираше нова верзија, таа најверојатно ќе беше претставена на 22-ри октомври со новите „iPad“ уреди и компјутери.

Со текот на годините беа претставени 24 верзии на „iPod“. Иако оргиналниот „iPod“ беше малку гломазен, во „Apple“ напорно работеа да го намалат.

Првиот „iPod“ доаѓаше во верзии од 5 и 10GB, што беше доволно за 1.000 и 2.000 песни и ништо друго. Не постоеше спектакуларна графика и многу песни, туку само песни.

Денешниот „iPod“ може да има до 160GB, поседува камера, „Retina“ екран, „WiFi“, апликации и што уште не.

Кога „iPod“ се појави во 2001-ва година беше првиот уред на „Apple“ кој не беше компјутер. Сега и „iPhone“ и „iPаd“ можат да прават се што може и тој, но и многу повеќе.

Иако продажбата на „iPod“ е во постојан пад, тој ќе биде запаметен како една од иновациите на „Apple“ кои го променија светот. Тој компанијата ја претвори во бренд кој стана дел од нашиот животен стил.

Од „Apple“ се уште немаат коментар за иднината на уредот, а моментално и натаму може да се купат бројни „iPod“ уреди, како што се „iPod Ѕhuffle“ или „iPod Classic“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП