10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPinterest собра 225 милиони долари од инвеститорите

Pinterest собра 225 милиони долари од инвеститорите

pinterest1

„Pinterest“ собра дополнителни 225 милиони долари од инвеститорите, кои ќе бидат искористени за меѓународен раст.

Како што јавува агенцијата Франс прес, вредноста на „Pinterest“ се зголемила на 3,8 милијарди долари.

Иако се проценува дека има околу 50 милиони месечни корисници, оваа социјална мрежа сеуште не успева да го уновчи својот успех.

Исто така, една од целите е и зголемен раст во мобилното користење на услугите, како и кај многу други интернет компании.

Инаку, „Pinterest“ во февруари, исто така собра импресивен износ – 200 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП