Анемија или слабокрвноста е предизвикана од намалување на бројот на црвени крвни зрнца – еритроцити или количината на хемоглобин.
Ова може да биде предизвикано од загуба на крв, нарушено производство на крвни зрнца, зголемено распаѓање на крвните клетки или комбинација од сите нарушувања.
Се јавува кога нивото на црвените крвни зрнца или хемоглобинот е премногу ниско, а нешто почесто се јавува кај жените.
Најчести симптоми се: отежнато дишење, неправилно чукање на срцето, депресија, низок крвен притисок, нарушена меморија, главоболка, бледа кожа и зуење во ушите.
Виното од капини е одличен природен лек за лекување на анемија, особено кај деца, трудници и доилки. Помага и при исцрпеност на телото по долго боледување или напорна работа. Виното од капини ја регулира циркулацијата на крвта и крвниот притисок, го зајакнува имунитетот и го подобрува апетитот и варењето.
Еве како да подготвите домашно вино од капини дома.
СОСТОЈКИ:
5 кг свежи капини
1 кг шеќер
ПОДГОТОВКА:
Капините добро измијте ги, исчистете ги од нечистотии и издробете ги со раце.
Во стаклен сад ставете ред мелени капини, ред шеќер и така додека не се потрошат состојките.
Оставете ја теглата на сонце шест недели.
Потоа добиениот сок процедете го преку газа и истурете во шишиња (не ги полнете до врвот поради можно дополнително вриење) и чувајте го на темно и ладно место.
Виното од капини најдобро се пие наутро пред јадење и навечер пред спиење.
Доволна е дневна доза од 0,5 dl – 1 dl за 3 месеци.