22 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Alfa Romeo“ го менува легендарниот дизајн

„Alfa Romeo“ го менува легендарниот дизајн

Првиот дизајнерски детал по кој е препознатлива „Alfa“ се скриените рачки на задните врати, кои како да не се враќаат по 2020-та година, но повторно се актуелни на новиот „Junior“ модел.

Друга работа што ја имаат сите „Alfa“ возила и по која лесно се препознаваат „од една милја“, е поместената регистарска табличка на предната страна. Таа, се чини, нема да ја преживее чистката.

Имено, отсега сите модели на „Alfa Romeo“ ќе имаат регистарска табличка во средината, а причина за тоа се новите регулативи на Европската унија за безбедност на пешаците.

Како што изјави за „Autocar“ шефот за дизајн на „Alfa Romeo“, Алехандро Масонеро-Романос, поставувањето на регистарската табличка во средината го намалува ризикот од повреди на пешаците.

На моделот „Junior“ плочата е веќе на средина, а Масонеро-Романос вели дека тоа „сигурно ќе им даде симетрија, што е добро“, истакнувајќи дека е „задоволен од оваа одлука“.

Инаку, асиметричниот дизајн е карактеристичен за „Alfa Romeo“ уште од средината на минатиот век. Имаше секако модели со чинија во средината, но отсега ќе бидат единствените достапни во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар