22 април, 2025
ПочетнаКАРИЕРАСрбија бара берачи на малини од Македонија – дневницата воопшто не е...

Србија бара берачи на малини од Македонија – дневницата воопшто не е лоша

Западниот дел на Србија веже започнува активно да се подготвува за почеток на бербата на малини.

Сезонските работници од Македонија се вклучија во потрага по работа, а дневницата која ќе ја добијат не е за потценување.

Априлскиот мраз го преполови годинешниот род на малини во западниот дел од Србија. Она што ќе остане од реколтата ќе го наберат сезонските работници.

Дневницата за берачите на малини не е мала: таа нема да биде помала од шест илјади динари (околу 3.000 денари)

Но, дали и колку работниците се спремни да се изложат на сонцето за да ги берат овие ценети плодови?

Просечниот берач може да бере околу 50 килограми малини дневно, но до такви работници денеска е тешко да се дојде, признаваат произведителите.

„Добрите работници тешко се наоѓаат. Некогаш, дури жените кои берат малини уриваат рекорди, со над 80 килограми собрани плодови во еден ден. Верувајте, многу е тешко за маж да стои во место 10-12 часа, а жените се многу подобри и поиздржливи берачи“, коментираат српските произведители.

Претседателот на Здружението на одгледувачи на малини на Србија, Добривоје Радовиќ, вели дека сите знаат колкава ќе биде платата на берачите, но цените на малините не се познати.

Проблемот е што има значително помалку малини на пазарот во целата Србија, не само во Ивањица.
Лани, земјоделците биле „ограбени” со цена од 200 динари.

Според Радовиќ, реалната цена во 2024 година била 400 динари, со тенденција на раст.

Бербата на малини е важен дел од селското стопанство во Србија, но предизвиците се големи. Сезонските работници имаат високи дневници, а земјоделците се соочуваат со несигурност околу цените на малините.

Независно од предизвиците, оваа работа останува важен извор на приход за многумина.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП