2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСекс-мобинг на работа: Мал е бројот на жени кои не го доживеале

Секс-мобинг на работа: Мал е бројот на жени кои не го доживеале

zeni1

Најчестото место каде што луѓето се среќаваат со несоодветното однесување и сексуалното вознемирување е канцеларијата. Главно, се работи за коментари од колегите на сметка на градите, задникот или облеката.

Околу 60 проценти од жените доживеале некој облик на сексуално вознемирување на работното место, а за 21 процент од нив таквиот мобинг е постојана појава, покажа истражувањето на американската правна фирма „Slater&Gordon“, спроведено на повеќе од 1.600 лица.

Да бидеме искрени, ниту припадниците на посилниот пол не се заштитени на работното место. Сексуалниот мобинг барем еднаш го имаат доживеано околу 40 проценти од мажите, иако кај нив почесто доаѓа до несоодветни коментари отколку до физички контакт.

Генерално гледано, кај сексуалното вознемирување најчесто станува збор за несоодветни допири и изјави, а поретко уцени со кои со сексуални услуги се задржува работното место. Злоставувачите најчесто се на водечките позиции, а главно се оженети мажи во педесеттите години од животот, известуваат истражувачите.

Изненадувачки е тоа што сексуалното злоставување е раширено така што станало општо прифатена појава на работното место, изјави Клер Досон, правен советник од компанијата која го спроведе истражувањето.

Повеќето од една третина од испитаните жени доживеале непријатни коментари на сметка на своите гради, сексуалниот живот, задникот или облеката која ја носат, додека секоја шеста жена се бранела од колегата кој се обидувал да ја бакне.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП