12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦаринска делегација на семинар во Литванија

Царинска делегација на семинар во Литванија

kargov1

Делегација составена од претставници на Царинската управа на Република Македонија учествува на семинар за царинска соработка – Источна граница на ЕУ, што денеска и утре се одржува во Друскининкаи, Литванија.

Целта на семинарот е да се подобри царинската соработка помеѓу земјите членки на ЕУ, земјите кандидати и потенцијални кандидати, како и земјите кои ја претставуваат источна граница на ЕУ. На семинарот, како што информира Македонската царина, ќе се дискутира за понатамошно усогласување на царинското законодавство, за развој на системите за овластен економски оператор и за развој на системите за анализа на ризик.

Првиот дел од состанокот се одвива во рамки на пленарна сесија, каде поздравен говор ќе имаат генералниот секретар на Светската царинска организација, ЕУ комесарот за царини и даноци, генералниот директор на Царинската управа на Литванија и генералниот директор на DG TAXUD.

Директорот на Македонската царина Ванчо Каргов ќе земе активно учество во дел од областа на Развој на безбедни трговски ленти, Овластен економски оператор и Царинска вредност.

Семинарот потврдува дека според Стратегијата на ЕУ 2020, земјите од источното соседство на ЕУ (бившите советски републики) се високо на агендата на ЕУ и голем дел од напорите се насочени кон проширување на ЕУ системите кон овие земји. Тука пред се, се мисли на транзитот и проширување на системот НЦТС кон земјите од источното партнерство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП