15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЧешка во рамки на ЕУ со најголемо намалување на јавниот долг

Чешка во рамки на ЕУ со најголемо намалување на јавниот долг

ceshka1

Во вториот квартал од годината, Чешка го намали својот долг за 1,4 проценти, на 46,5 отсто од бруто домашниот производ (БДП), што е најголем значителен пад меѓу земјите-членки на ЕУ, јави дописникот на МИА од Прага.

Според податоците на Канцеларијата за статистика на ЕУ, Еуростат, задолжувањето на земјите-членки во вторите три месеци од годината се зголеми на 86,8 отсто од БДП, додека во претходните три месеци изнесуваше 85,9 проценти.

Зголемување на државниот долг забележале 19 членки на ЕУ.

Во шест држави долгот се намалил, а во три останал без измени. Задолжувањето на еврозоната во вториот квартал се зголемило на 93,4 отсто од БДП, во споредба со претходните 92,3 проценти во првиот квартал.

Највисок степен на задолжување покажува Грција, чиј долг надминува 169 проценти од БДП, наспроти Естонија, чиј долг е најмал и изнесува под десет проценти од БДП.

Драстично зголемување на долгот е забележан во Кипар и тоа од 10,8 процентни, колку што изнесувал претходно, на 98,3 посто од БДП.

Задолженоста на Словачка во вториот квартал, според Евростат се зголеми на 58 проценти од БДП од 55,2 отсто во претходните месеци.

Чешкото Министерство за финансии уште претходно соопшти дека државниот долг од почетокот на годината до крајот на септември се намали за повеќе од 560 милиони евра и тоа првпат од 90-тите години на минатиот век.

Моментно, секој Чех должи околу 6.300 евра.

Покрај Чешка, намалување на долгот бележат и Унгарија, Германија, Литванија, Латвија и Луксембург.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП