10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанок за eнергетска ефикасност во прекуграничниот регион

Состанок за eнергетска ефикасност во прекуграничниот регион

ohrid

Во Охрид денеска ќе се одржи состанок по повод почетокот на проектот „Зголемување на енергетска ефикасност и искористување на обновливи извори на енергија во прекуграничниот регион“.

Целта на проектот е да се зголемат користењето на обновливите извори енергија и енергетската ефикасност во прекуграничниот регион, особено во југозападниот регион на Република Македонија и регионот Корча во Албанија.

Проектот е финансиран од ЕУ како дел од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Албанија. Водечки партнер е „Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ“ во соработка со „Центарот за развој на југозападниот плански регион“ од Република Македонија, „Албанија ЕУ Центар за енергетска ефикасност“ и Регионалниот совет на Корча од Република Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП