12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИванов на бизнис средби во Ченгду, пројавен интерес за инвестирање во Македонија

Иванов на бизнис средби во Ченгду, пројавен интерес за инвестирање во Македонија

ivanov1

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на работната посета на Кина, во Ченгду, во провинцијата Сичуан, имаше средби со раководствата на две големи компании заинтересирани за соработка со Македонија.

На средбите присуствуваше и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Џери Наумоф.

Станува збор за Donfeng Electronic Corporation, една од најголемите компании на глобален план која произведува делови за хидро, термо, ветерни и нуклеарни централи и China Railway engeenearing group, кои веќе биле во Македонија на средби со владини претставници.

Раководството на компанијата Donfeng Electronic, јави известувачот на МИА, искажа интерес за можностите за инвестирање во Македонија во хидро, термо и алтернативни извори на енергија, како ветерници и соларни колектори за крупните енергетски проекти и планови.

Исто така, се интересираа и за поволностите за инвестирање во слободните економски зони со цел изградба на фабрика за делови и евентуално сончеви колектори. Притоа, најавија и скорешна посета на Македонија.

Менаџерскиот тим на China Railway искажа интерес за инвестирање во големи  инфраструктурни проекти, како железница и гасификација, а пројавија интерес и за слободните економски зони.

Договорено е наскоро домаќин во Македонија да им биде министерот Џери Наумоф, за одблиску да ги видат постојните слободни зони, но и можностите за изградба на нова слободна економска зона само за кинески компании.

Претходно, претседателот Иванов и министерот Наумоф во Ченгду ја посетија и базата за производство на автомобили на Geely Automobile Holdings, која произведува „волво“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП