2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПодготвена е новата Giulietta

Подготвена е новата Giulietta

guli

Кога „Alfa Romeo“ во 2010-та година го претстави моделот „Giulietta“ стана јасно дека се работи за привлечен автомобил, кој би можел да постигне голем комерцијален успех. Три години подоцна италијанскиот производител успеа да пласира преку 212.000 возила од овој модел, што беше знак да се започне со претставување на моделот за 2014-та година.

Новата „Giulietta“ прво ќе се појави со целосно новиот дволитарски „JTDM“ агрегат со снага од 150 „коња“, кој доаѓа со втората генерација на „MultiJet“ системот за вбризгување кој ја оптимизира потрошувачката на гориво.

Воедно, агрегатот е опремен со турбо полнач со помали димензии, кој извлекува 380Nm при само 1750 вртежи.

guli1

Внатрешноста на новата „Giulietta“ ќе се одликува со вниманието кое е посветено на секој детал и високиот квалитет на материјали, се со цел препознатливот италијански дизајн уште еднаш да се докаже во пракса. Ентериерот е збогатен и со мултимедијален уред со екран од 5 или 6.5 инчи, кој опфаќа и сателитска навигација и гласовни команди.

Сепак, најмногу промени се гледаат на екстериерот, каде автомобилот доби нови динамички линии, кои сега во голема мера ја отсликува комбинацијата на спортската подготвеност и префинетата елеганција.

guli2

Предната решетка има нов изглед благодарејќи на хромираните делови, како и светлата за магла. Предните и задните светла се изработени во „LED“ технологија и покрај естетската, вршат важна улога во подигнувањето на нивото на превентивна безбедност. Тука се и новите тркала од 16, 17 и 18 инчи.

Во „Аlfа“ истакнуваат дека новата „Giulietta“ ќе придонесе за збогатено искуство во возењето благодарејќи на препознатливите динамички перформанси кои се заштитен знак на овој реномиран производител. Нормално, „Giulietta“ доби и нови технологии, како на пример „DNA“ селектор – уред кој автоматски го подесува однесувањето на патот во зависност на подлогата. Воедно, овој уред е задолжен на возачот да му понуди избор меѓу трите режими на возење: динамички, нормален и за сите временски услови.

guli3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП