18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTotal инвестира 1,2 милијарди долари во производство на гас

Total инвестира 1,2 милијарди долари во производство на гас

FRANCE TOTAL JOBS

Француската компанија „Total“ инвестира 1,2 милијарди долари во проект за производство на природен гас на наоѓалиштето на брегот на Огнена Земја во јужниот дел на Аргентина.

Компанијата ќе започне со производство на гориво во втората половина од 2015 година, со обем од шест милиони кубни метри дневно, кои подоцна ќе пораснат во 10 милиони кубни метри.

За транспорт на гасот на копнo е планирана изградба на гасовод со должина од 77 километри. Новиот проект ќе и овозможи на Аргентина да заштеди 1,6 милијарди долари годишно, кои сега се трошат за увоз на гориво, пренесува агенцијата Итар тас.

Партнер на „Total“ во овој проект е германскиот концерн „Wintershall“, при што двете компании ќе имаат еднаков удел од 37,5 проценти. Преостанатите 25 проценти ќе и припаѓаат на анго-американската компанија „Pan American Energy“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП