„Stellantis“ и „Leapmotor“ го создадоа „Leapmotor International B.V.“, компанија во 51% сопственост на „Stellantis“.
Со седиште во Амстердам, менаџментот предводен од извршниот директор Тјаншу Син, поранешен извршен директор во „Stellantis China“, сега го подготвува теренот за успешно лансирање на моделите „T03“ и „C10“, прво на европските пазари, а потоа и во другите региони.
Пред половина година беше објавено дека инвестицијата на „Stellantis“ ќе биде вредна околу 1,5 милијарди евра, за стекнување на околу 21% од акциите во „Leapmotor“, кој беше меѓу првите три кинески старт-ап брендови за електрични возила во 2023-та година.
„Leapmotor C10“ (на насловната фотографија) е првиот глобален производ на компанијата, направен во согласност со глобалните стандарди за дизајн и безбедност.
„C10“ се заснова на саморазвиената архитектура на технологијата „LEAP3.0“ на „Leapmotor“, со водечка паметна електрична технологија во класата, како што се централна интегрирана електронска и електрична архитектура, технологија од ќелија до шасија (CTC) и препознатлив паметен кокпит.
„C10“ е целосно опремено семејно возило од Д-сегментот со „WLTP“ опсег од 420 km и „E-NCAP“ со 5 ѕвезди. Откако ја освои Меѓународната награда за дизајн „CMF 2023“ за својот технолошки и природен естетски дизајн, неодамна ја освои Златната награда за 2024-та година на Француските награди за дизајн (FDA).

„Leapmotor T03“ (на сликата погоре) е мал градски автомобил од А сегментот со внатрешност од Б-сегментот. Покрај тоа што е елегантен, има автономија од 265 km според „WLTP“. Според „Leapmotor“, го зазеде првото место во почетната анализа за квалитет на „JD Power“ во категоријата мали „BEV“.
Понудата на електрични возила на „Leapmotor International“ ја надополнува тековната технологија на „Stellantis“ и ќе понуди попристапни решенија за мобилност на глобалните клиенти.
Потпирајќи се на каналите за дистрибуција на „Stellantis“, првите воведувања започнуваат во Европа – Франција, Италија, Германија, Холандија, Шпанија, Португалија, Белгија, Грција, Романија – почнувајќи од септември оваа година.