18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовторно зголемен долгот на еврозоната

Повторно зголемен долгот на еврозоната

money5

Долгот на еврозоната во вториот квартал од оваа година е повторно зголемен, и покрај мерките за штедење и повратот на економскиот раст.

Според денес објавените податоци на Европската статистичка служба, долгот во вториот квартал изнесувал 93,4 проценти од бруто домашниот производ (БДП) на еврозоната во однос на 92,3 проценти во првите три месеци од оваа година.

Како што се наведува, иако земјите во еврозоната, како Грција и Шпанија, превземаа остри мерки за намалување на задолжувањето преку скратување на трошоците и зголемување на даноците, тие и понатака забележуваат дефицит и со тоа придонесуваат за зголемување на долгот.

Должниците ги предводи Грција со долг во висина од 169,1 проценти од бруто домашниот производ на таа земја, што е 35 проценти повеќе од следната земја која се наоѓа на оваа листа – Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП