6 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИ кирилицата ќе се најде меѓу домејните

И кирилицата ќе се најде меѓу домејните

kirilica domajn 1

Американската невладина организација која ја поддржува виртуелната мрежа, соопшти дека во скоро време ќе се појават првите интернет домејни на кирилица, арапски и кинески.

„ICANN“ ( Internet Corporation for Assigned Names and Numbers ) во коминике објави дека во следните недели и месеци ќе има нови имиња на интернет домејни кои доаѓаат од сите краишта на планетата.

„Ова е најважната промена во интернетот од неговите почетоци“, коментира Акрам Аталај од „ICANN“.

Веќе е дадено принципиелно одобрение за адреси, завршувајќи со кинескиот збор за  „игра“, арапскиот збор за „мрежа“ и „сајт“ и „онлајн“ на кирилица. Се очекува брзо да бидат одобрени и други можни завршетоци.

Една од целите е да се зголемат можностите за избор и да се охрабри разновидноста. „ICANN“, која има седиште во Калифорнија, аргументира дека како резултат на повеќе масовната употреба на интернетот (вкупно две милијарди корисници, од кои половината во Азија), издавањето на нови имиња на домејни станува од витално значење.

Во овој момент постојат само 22 т.н. највисоко ниво домејни , од кои повеќето се на англиски, на пример, „.Com“, „.Gov“ или „.Net“.

„ICANN“ во моментов загледува околу 1800 барања за нови домејн завршетоци, вклучувајќи и такви, означува имиња на компании, определена дејност или стока, како што се „.Shop“ или „.Motos“. Интернет гигантот „Google“ поднесе над 100 од нив – од „.Google“во „.Lol“ до  „.YouTube“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП