21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамален буџетскиот дефицит на Канада

Намален буџетскиот дефицит на Канада

kanada2

Буџетскиот дефицит на Канада за фискалната 2012-2013 година е неочекувано намален за дополнителни седум милијарди канадски долари, на 18,9 милијарди.

Канадскиот министер за финансии, Џим Флатери, вети буџетско балансирање до 2015 година и донесе низа мерки со цел да го исполни тоа ветување, пренесува агенцијата АФП.

Превземените мерки вродија со плод и го надминаа очекуваното намалување на буџетскиот дефицит од 25,3 милијарди долари во текот на фискалната 2012-2013 година.

Поголемото намалување на дефицитот од предвиденото е благодарение на дополнителниот прилив на две милијарди долари од придонесите на вработените, како намалената јавна потрошувачка за пет милијарди долари, од првично планираната.

Фискалната 2012-2013 година е завршена на 31 март 2013 година. Предвидениот дефицит за наредната фискална година е 18,3 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП